Автокоманда ја освои првата титула – младинките на ЖРК Металург се старо-нови шампионки на Македонија

16.03.2019 21:28

Распоредот сакаше токму во последното коло, во директна пресметка меѓу младинките на Металург и на Вардар, да се решава титулата во женска младинска категорија. Затоа денеска видовме вистински првенствен натпревар, кој мина во голема борба, и кој на крајот заврши со заслужена победа на младинките на ЖРК Металург.

Нашите девојки, освен во еден момент кога Вардар поведе со 2:4, имаа предност во текот на целата средба. Ако првите дваесетина минути од првото полувреме минаа во израмнета борба, остатокот од првиот дел мина во знакот на Металург, кој успеа да создаде разлика од 5 гола, со кои екипите заминаа на одмор.

Вториот дел го почнавме со дури две ракометарки повеќе на теренот, но не го искористивме вишокот, туку напротив дозволивме противникот да направи серија од 3:0 и да ни се доближи на растојание од само два гола. Во продолжението Вардар се обиде да ја забрза играта, но притоа направи неколку технички грешки, кои брзите ракометарки на Металург ги претворија во лесни голови и веќе во 42. минута повторно ги имавме петте голови предност. Се до крајот на средбата Металург имаше комплетна контрола на се што се случува на теренот, иако во финишот му дозволи на противникот да го намали резултатот до конечните +2.

Така, младинките на Металург на нашиот клуб му ја донесоа првата титула во актуелната сезона и првиот пехар кој си најде место во нашата витрина.

Честитки за старо-новите шампионки.

.

ЖРК Металург – ЖРК Вардар  27:25 (15:10)

ЖРК Металург: Илјаз, Ѓорѓиевска 4, Ивановска 1, Филиповска, Наумовска, Тасевска 6, Смајлоска 4, Арсениевска 1, Алексоска, Темелковска 1, Дамчевска, Калајџиевска 10, Ристовска и Стојановска.    Седмерци: 2/2.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Вардар: Трајковска, Ѓеоргиевска, Божиновска 1, Грујовска, Џатевска, Илиќ, Трпевска 6, Гроздановска, Костовиќ 1, Диневска 3, Миновска, Седлоска 4, Коларова 2, Петковска 3, Дамјановска 1 и Николиќ 4.    Седмерци: 3/6.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Колевски Ѓоко и Кркачев Сашо од Скопје.

Делегат: Куртовиќ Цано од Скопје.

Прочитано 490 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 6 = 8