Азербајџан лесен залак за македонските сениорки

30.11.2018 22:41

Македонската женска сениорска репрезентација успешно ги почна квалификациите за обезбедување на бараж-натпревар за пласман на СП 2019, што од денеска се играат во Скопје. Македонија го совлада својот прв противник, селекцијата на Азербајџан, со убедливи 41:22 (18:8).

Нашите сениорки сите свои амбиции ги реализираа уште во првото полувреме, кое го добивме со разлика од 10 гола, 18:8, по што беше јасно дека Македонија ќе ги прокнижи првите бодови.

Вториот дел само го надополни впечатокот за огромната разлика во квалитетот на двете селекции, а заврши со резултат 23:14, за конечни 41:22.

Најрасположена наша ракометарка беше Сара Ристовска, која нанижа дури 11 гола.

Веќе утре, со почеток во 18 часот, Македонија ќе одигра натпревар со многу посериозен противник – селекцијата на Исланд, која се смета за наш најголем конкурент за првото место во групата, единствено кое обезбедува место во јунскиот бараж за СП 2019 во Јапонија. Колку за информација, Исланд денеска ја декласира Турција, победувајќи ја со резултат 36:23.

.

Македонија – Азербајџан  41:22 (18:8)

Македонија: Петковска, Серафимова, Гакидова 2, Д.Ѓорѓиевска 4, Тасевска 2, Нолевска, Е.Ѓорѓиевска 2, Николиќ 1, Стојановска 2, Јанеска 4, Јовановска 4, Ристовска 11, Ливриниќ 1, Саздовска 5, Гичевска 1 и Штериова 2.     Седмерци: 5/6.     Исклучувања: 6 минути.

Азербајџан: Хасанова, Танкаскаја 6, Метелскаја, Насрединова 1, Гасимова 3, Смагина 2, С.Абасова, М.Абасова 3, Клименко 3, Јусибова, Мусајева, Ибрагимова 1 и Шарифова 3.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 2 минути.

Судии: Марина Дуплиј и Олена Победрина од Украина.

Делегат: Хелмут Виле од Австрија.

Прочитано 96 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 9 = 14