Бродолом на кадетките на ЖРК Кузман Вардар Илинден во Автокоманда

08.11.2019 17:56

Во второто коло од кадетската лига на Македонија, група 1, во Автокоманда гостуваше екипата на ЖРК Кузман Вардар Илинден.

Во апсолутно нерамноправен натпревар кадетките на ЖРК Металург го совладаа противникот со катастрофални 37 голови разлика, 52:15 (27:10).

Самиот резултат покажува дека играше само една екипа и дека поразот на гостинките беше најавен од самиот почеток на средбата. До крајот на полувремето веќе имавме победничка разлика од 17 голови, но кадетките на Металург не сопреа ниту во вториот дел, кој го добија со цели 20 голови разлика.

По две одиграни кола, кадетките на ЖРК Металург се први, со максимални 6 бодови и позитивна гол-разлика од 58 гола. Во следното коло нашите кадетки ќе и гостуваат на екипата на РК Илинден Вардар.

.

ЖРК Металург – ЖРК Кузман Вардар Илинден  52:15 (27:10)

ЖРК Металург: Петковска 9, Станчева 1, Цветковска 9, Драговиќ 1, Ристовска 3, Михајловска, Шоповска 2, Божинова 4, Ѓошевска 3, Т.Темелковска 4, Стојановска 7, Арсениевска 5 и М.Темелковска 4.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Кузман Вардар Илинден: Додевска, Трајковска, Чавдарова, Бојковска 8, Петровска, Стојчевска 1, А.Ангеловска 2, Симоновска, Филипова 1, Петковска, Кирилова 1 и Ј.Ангеловска 2.     Седмерци: 1/3.    Исклучувања: 16 минути.

Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски од Скопје.

Делегат: Стево Костенчев од Скопје.

Прочитано 163 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 + = 15