Делчево преголем залак за пионерките на Металург 2

03.12.2017 17:57

Во шестото коло на женското пионерско првенство на Македонија, група 1, пионерките на Металург 2 го доживеаа и третиот пораз во сезоната. На домашен терен, во Автокоманда, нашите пионерки убедливо се поразени од екипата на РК Делчево од Делчево, со резултат 9:21 (5:11).

Средбата почна со добра игра на нашите пионерки, кои првата половина од првото полувреме ја минаа во водство. Но, така беше се до резултат 4:4, а потоа гостинскиот тим го презеде водството и не го испушти до крајот на средбата. Особено лошо нашите пионерки го одиграа периодот од крајот на првото и почетокот на второто полувреме, кога противникот направи серија од вкупно 10:0, што стана недостижно за нашите најмлади ракометарки.

.

ЖРК Металург 2 – РК Делчево  9:21 (5:11)

ЖРК Металург 2: Васева, Кочкова 1, Марчевска, Димитриоска 2, Петковска 2, Јакимовска, Кузева, Ѓеоргиевска 1, Спасовска 3, Кралевска, Арсовска, Спасовска, Стојановска, Петреска, Андреа Џигерова и Александра Џигерова.   Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 4 минути.

РК Делчево: Арсениевска 10, Сугарева 2, Илиевска, Николова 1, Велевска 4, Спасевска 4, Ангеловска и Благоевска   Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 10 минути.

Судии: Јашар Лејла и Цветкова Ива од Скопје

Делегат: Ѓоргиевски Митко од Скопје.

Прочитано 585 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 − 2 =