Дербито на колото мина во знакот на ЖРК Металург

16.10.2017 11:43

Ракометарките на ЖРК Металург убедливо славеа на дерби натпреварот со екипата на ЖРК Куманово, која ја совладавме со резултат 25:20 (14:12).

Видовме одличен натпревар меѓу две квалитетни екипи, борбен натпревар кој изобилуваше со бројни физички контакти, а во жарот на борбата беа досудени вкупно 17 двеминутни исклучувања и дури три црвени картони.

Екипата на Куманово во Скопје допатува по трите бода, сметајќи на драстично подмладениот состав на нашиот тим, кој допрва ќе го стекнува потребното искуство. Но, натпреварот мина спротивно од очекувањата на гостинскиот тим, кој своето единствено водство го забележа по својата прва акција на средбата. Се после тоа беше во знакот на девојките на ЖРК Металург, кои имаа целосна контрола врз играта и врз резултатот во целиот преостанат дел од средбата.

Победата на ЖРК Металург е чиста како солза, а, со новите три бода, бодовно се израмнивме со својот противник.

.

ЖРК Металург – ЖРК Куманово 25:20 (14:12)

ЖРК Металург: Илјаз, Гугуљанова 2, Владева 3, Глигоријадис, Божиновска, Ангеловска, Кркачева, Тасевска, Смајлоска 3, Алексоска,Калајџиевска 4, Граматова 2, Тодоровска, Стефановска 2, Гајиќ 9 и Брунчевиќ.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 14 минути.     Црвени картони: Владева во 38. минута и Стефановска во 47. Минута.

ЖРК Куманово: Наумоска, Борчевска, Пецанова 1, Костадиновска, Ивановска, Пеовска 8, Боризовска 5, Дичковиќ, Кипријановска 3, Стојановска, Петковска 1, Стојчевска, Цветановска, Абдулкарим и Трајковиќ 2.    Седмерци: 5/7.    Исклучувања: 20 минути.     Црвени картони: Боризовска во 59 минута.

Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје.

Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.

Прочитано 331 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 1 = 4