Деспина лесен плен за ЖРК Металург

10.12.2017 15:20

Дуелот од 13. коло, меѓу ЖРК Металург и шестопласираната екипа на ЖРК Деспина, заврши со убедлива победа на нашите ракометарки.

Средбата мина во континуирана надмоќ на ракометарките од Автокоманда, кои мечот го почнаа со серија од 6:0 и веднаш навестија дека победата е единствениот императив. Гостинскиот тим долго време не можеше да постигне погодок, но на крајот од првото полувреме успеа да поврзи дури четири гола во серија и да ја намали нашата предност. Првиот дел заврши со резултат 14:6.

Слично се играше и во второто полувреме кое ни припадна со резултат 16:10.

По 13-ет одиграни кола, екипата на ЖРК Металург е осамена на втората позиција, веднаш зад недопирливиор ЖРК Вардар. ЖРК Металург моментално има 27 бодови, четири повеќе од Вардар Јуниор и пет од Пелистер.

.

ЖРК Металург – ЖРК Деспина  30:16 (14:6)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Владева 1, Глигоријадис 1, Божиновска, Ангеловска, Милевска, Тасевска 4, Алексоска 4, Дамчевска 3, Калајџиевска 2, Граматова 5, Ристовска 5, Стефановска 3, Гајиќ 2 и Брунчевиќ.     Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 12 минути.

ЖРК Деспина: Димитриевска, Гулеска, Е.Рипилоска, Ристеска, А.Камческа 6, Крстевска 3, Цветкоска, Ристевска, Димова 2, Димитрова, Јовеска, Богеска, М.Камческа 3, Спиркоска, Седлоска и Л.Рипилоска 2.    Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Виктор Начевски и Даниело Божиновски од Скопје.

Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

Прочитано 232 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 + = 11