Европскиот вицешампион сепак пресилен за ЖРК Металург

30.10.2017 18:10

Во рамките на 7. коло на македонската женска Суперлига, во Автокоманда денеска се сретнаа екипите на ЖРК Металург и на ЖРК Вардар.

Натпреварот мина во недвосмислена доминација на европскиот вицешампион, кој и во таков состав, во кој воглавно настапија македонските ракометарки во редовите на Вардар, беше пресилен за младите ракометарки на нашиот тим. Од самиот почеток вардарки ја имаа иницијативата и контролата над се што се случуваше на теренот, па единствената непознаница беше разликата со која Металург ќе ја загуби денешната средба.

Интересно, но огромното мнозинство од постигнатите голови се дело на ракометарки кои голем дел од својата кариера ја минаа токму во ЖРК Металург: Ристовска (13), Саздовска (9), Бајрамоска (4) и Керамитчиева (4).

Честитки и за судијската двојка Јашар – Капсарева, која денеска дебитираше на еден суперлигашки натпревар.

.

ЖРК Металург – ЖРК Вардар  18:39 (7:17)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Гугуљанова 1, Владева 2, Глигоријадис 1, Божиновска, Ангеловска, Тасевска 2, Смајлоска 1, Алексоска 1, Дамчевска, Калајџиевска 7, Граматова 1, Стефановска, Гајиќ 2 и Брунчевиќ.   Седмерци: 3/5.    Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Вардар: Мицевска, Суслина, Кликовац 3, Саздовска 9, Бајрамоска 4, Лазовиќ, Керамитчиева 4, Чанаџија, Хмирова, Петровиќ 5 и Ристовска 13.   Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 4 минути.

Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје.

Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

Прочитано 332 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 9 = 12