Голот на Величковска го реши мечот со Вардар СЦЈС

17.09.2016 23:52

ЖРК Металург го доби првото дерби во новата сезона.

Во првиот натпревар од новото македонско првенство совладана е екипата на Вардар СЦЈС, со резултат 22:21 (10:10).

Видовме вистинска дерби средба меѓу две млади екипи во кои е безмалку комплетната сениорска репрезентација на Македонија. Средбата мина во апсолутно израмнета борба во која ниту една екипа немаше предност поголема од два гола. Видовме бескомпромисна борба, со многу жестоки дуели и многу работа за двајцата судии.

Металург, драстично подмладен во однос на минатата сезона, дојде до победата со голот на Габриела Величковска, која погоди од седум метри на само 5 секунди до крајот на средбата.

Последните десетина минути беа и најнеизвесни, бидејќи се играше гол за гол. Покрај добрата Серафимова, за одбележување е настапот на младата голманка Амра Илјаз, која влезе во последните неколку минути и забележа три одбрани, а својата официјална дебитанска средба во првиот тим на Металург ја заврши без  примен гол. Свое деби имаше и младата Марија Гугуљанова која одлично ја искористи својата минутажа и го освежи нападот, а постигна и два гола.

ЖРК Металург – Вардар СЦЈС  22:21 (10:10)

ЖРК Металург:  Серафимова, Илјаз, Каранфиловска, Гугуљанова 2, Владева, Глигоријадис, Арсениевска, Николиќ 7, Стојковска 4, Цаневска, Граматова, Саздовска 4, Дабевска, Величковска 5 и Петковска.     Седмерци: 9/12.      Исклучувања:  12 минути.

Вардар СЦЈС:  Петковска, Белмезова, Прленда 4, Стојановска 4, Трпковска 2, Георгиевска 1, Николовска, Митова, Бојаџиска, Тодоровска 1, Нолевска 2, Станикевска, Керамичиева 7, Мишевска, Божиновска и Гичевска.    Седмерци: 5/7.      Исклучувања:  10 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Најденовски Миле од Скопје.

Записник од натпреварот

Прочитано 158 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − 6 =