И ЖРК Деспина ги остави бодовите во Автокоманда

09.10.2019 16:58

Во 4. коло на Женската лига, во Автокоманда ЖРК Металург се сретна со екипата на ЖРК Деспина.

Во натпревар, кој мина во доминација на ЖРК Металург, девојките на Јуле Црвенкоска славеа со резултат 36:29 (20:14).

Металург од самиот почеток контролираше се на теренот. Брзите акции и особено нашите контранапади, како и добрата игра во одбраната, резултираа со убедливо водство на Металург уште во раната фаза. Така, веќе во 15 одиграни минути, имавме високи 12:4. Сепак, гостинките успеаа да се опорават од почетниот шок, па до крајот на првиот дел намалија на -6, 20:14.

Вториот дел од средбата Металург го одигра рутински. Гостинките немаа сили за пресврт, а Металург не притискаше премногу на голот на Деспина. Конечниот резултат од средбата е 36:29. Металург освои нови три бода и се зацврсти на чело на табелата.

Во следното коло ЖРК Металург го очекува гостување кај екипата на Стружанка.

.

ЖРК Металург  –  ЖРК Спартак  36:29 (20:14)

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Гугуљанова, Гулицоска 5, Тасевска 2, Смајлоска 1, Арсениевска, Алексоска, Дамчевска 4, Калајџиевска 10, Божиновска 6, Граматова 2, Ристовска, Стефановска 1, Петковска 5 и Брунчевиќ.   Седмерци: 5/6.  Исклучувања: 4 мин.

ЖРК Деспина: Димитриеска, Боризоска 2, Гулеска, Е.Рипилоска 3, Конеска, Ристеска, Камческа 4, Цветкоска 6, Спироска, Јовеска 5, Богеска, Седлоска 5, Л.Рипилоска 4 и Крстевска.   Седмерци: 5/7.  Исклучувања: 8 мин.

Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје.

Делегат: Ерик Белимов од Скопје.

Прочитано 235 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − = 2