Јуле Црвенкоска: Дисциплината, посветеноста, работата и најмногу лојалноста, се факторите на нашиот успех.

22.05.2019 21:45

Задоволна беше тренерот на ЖРК Металург Јуле Црвенкоска од успехот на своите девојки и во својата изјава за нашиот сајт го изјави следното:

Во текот на целото првенство Металург никого не потцени, туку само ги покажа своите квалитети, чесно и поштено. Дисциплината, посветеноста, работата и најмногу лојалноста, беа факторите на нашиот успех. Лојалноста нема цена, без разлика како другите гледаат на тоа, а нашата истрајност во работата и реалното гледање на работите доведоа до тоа на виделина да исплива нашиот квалитет, а тоа, пак, ни донесе и ќе ни носи успеси.

Горда сум на целиот тим, горда сум и на сите кои стојат зад нас и не следат, горда сум и на своите девојки кои вложуваат во себе и кои се свесни дека работата, чесност и лојалноста се бесценети и дека тие секогаш ќе дадат резултат.

Горе глава девојки, успесите допрва ве чекаат!

Прочитано 234 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − 7 =