Јуле Црвенкоска е прогласена за најдобар женски ракометен тренер во 2018 година

22.12.2018 19:56

Во организација на граѓанската организација ТАКТ од Скопје, а со поддршка од Стејт Департментот на САД, Европска комисија и од амбасадата на Кралството Шведска во Република Македонија, за прв пат беа доделени оскари за најдобрите жени од спортот.

Гала настанот, под мотото „Вечер на жени во спортот“, се одржа во хотелот Александар Палас. За прв пат во Македонија, петчлена комисија предводена од претседателот Гордана Нацева ги прогласи најдобрите женски колективи и индивидуалци во спортот од Македонија.

Тренерот на ЖРК Металург Јуле Црвенкоска е прогласна за најдобар женски ракометен тренер во 2018 година.

 

Добитнички по категории се:

1. Најнадежна млада спортистка – Ана Марија Георгиевска (таеквондо)
2. Најдобра спортска новинарка – Ирена Андреевска (МТВ)
3. Најдобра спортска менаџерка – Моника Гавриловска (МКФ)
4. Најдобра судиска двојка – Марија Илиева и Силвана Карбеска
5. Најдобар женски тренер – Јулијана Црвенкоска (ракомет)
6. Најдобар женски тим – ЖРК Вардар
7. Најголем придонес за родова еднаквост во спортот – Ленче Алексовска Величковска
8. Организација за позитивни општествени промени преку спорт – Специјална Олимпијада Македонија
9. Посебно признание за животно дело – Стојна Вангеловска
10. Најдобра спортистка со инвалидитет – Оливера Наковска Бикова (стрелаштво)
11. Најдобра спортистка во колективен спорт – Сара Ристовска (ракомет)
12. Најдобра спортистка во индивидуален спорт – Ангела Мојсовска (карате)
13. Најдобра спортистка за 2018та година – Наташа Андонова (фудбал-Барселона)

Фото:

Прочитано 276 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 5 = 7