Кадетките на Металург не застануваат – десет средби и десет победи

07.04.2019 11:58

Кадетките на ЖРК Металург продолжуваат со цврсти чекори по патот на победите – тие го одиграа својот десетти натпревар и ја извојуваа својата десетта победа. Овој пат настрада екипата на Куманово и тоа на свој терен. Противникот го совладавме со катастрофални 17 голови разлика, 24:41 (15:20).

Од самиот почеток се виде дека домашните ракометарки ги чека тежок пораз, бидејќи уште во раната фаза имавме +6, 2:8. Сепак, првото полувреме заврши со резултат 15:20 во наша полза.

Тоа што се очекуваше се случи во вториот дел. Кадетките на Металург значително го засилија темпото и ги искористија и квалитетот и подобрата физичка подготовка, па ова полувреме го завршија со резултат 9:21, за конечни +17, 24:41.

Нашите ракометарки се убедливи на врвот на табелата и имаат 8 бода повеќе од вториот Шампион и девет бодови повеќе од третопласираната Струма. Уште само неколку бодови ни недостасуваат за предвремено да ја освоиме групата и да заминиме на кадетскиот плеј-оф, каде ќе бидеме еден од главните фаворити за титулата.

.

ЖРК Куманово – ЖРК  Металург   24:41 (15:20)

РК Куманово: Андоновска, Ѓорѓиевска, Е.Димитриевска 2, Тоневска 2, И.Димитриевска 1, Николовска, Антевска, Милановска, Зафировска, Мар.Јовановска, Димитровска 4, Цветковска 1, Мат.Јовановска, Јакимовска 8 и Цветановска 6.    Седмерци: 8/12.   Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Металург: Михајловска, Ѓошевска 2, Стојковска 1, Ѓорѓиевска 7, Шоповска 3, Крстевска 1, Цветкова 5, Повчевска 2, Стојановска 2, Арсениевска 8, Темелковска 3, Паковска, Мисовска 2, Божиновска 3, Филиповска и Наскова 2.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 10 минути.

Судии: Божиновска Сања и Василевски Ѓорѓи од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 246 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 2 = 2