Кадетките на Металург рушат рекорди

18.04.2019 18:44

Кадетките на Металург и натаму делуваат како казнена експедиција – во својот 12-ти натпревар ја извојуваа и својата 12-та победа. Овој пат е совладан тимот на фенерџијата ЖРК Брегалница, со огромни и рекордни 56:14 (28:7).

Што може да се каже за натпревар во кој ЖРК Металург победи со 42 гола разлика. Мина во огромна доминација на нашите девојки, кои на секој гол на противникот одговараа со четири свои. На листата на стрелците се запишаа сите наши девојки, освен голманките, а во двете полувремиња постигнавме по 28 голови, со кои во ракометот обично завршуваат цели натпревари.

До крајот од групната фаза не очекуваат уште 4 натпревари, по два на гости и дома. Групната фаза дефинитивно ќе ја завршиме на чело на табелата, па ќе отпатуваме на фајналфор како еден од главните фаворити за титулата.

.

ЖРК Металург – ЖРК Брегалница  56:14 (28:7)

ЖРК Металург: Михајловска, Ристовска 4, Мисовска 7, Ѓорѓиевска 5, Шоповска 3, Цветкова 9, Крстевска 2, Арсениевска 1, Драговиќ 1, Стојановска 3, Паковска 6, Божинова 4, Филиповска, Томчевска 6 и Капсарева 5.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Брегалница: Соколовска, Смилкова 4, Стојчевска 2, Ѓорговска, Стојанова 1, Ангелова, Ј.Димитровска 1, А.Петровска, Тренчовска, А.Димитровска 1, Цонева 2, Г.Димитровска, М.Петровска, Јакимова 1 и Манчовска 2.    Седмерци: 2/4.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Тања Андреева и Марија Папуџиева од Скопје.

Делегат: Владо Саздовски од Скопје.

Прочитано 370 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 6 = 0