Кадетките на Металург рушат се пред себе

16.05.2019 00:36

Во својот 14. натпревар во кадетското првенство на Македонија, група 1, кадетките на ЖРК Металург стигнаа до својот 14. триумф. Овој пат е поразена екипата на ЖРК Делчево Вардар, со резултат 41:24 (20:13). Со оваа победа нашите девојќи, на три кола до крајот, го обезбедија првото место во групата 1 и учеството на женскиот кадетски фајналфор.

Неизвесноста на овој натпревар траеше само десетина минути во почетната фаза на средбата, а потоа дојде до израз сето тоа што го краси кадетскиот тим на ЖРК Металург и единствено неизвесно беше со колкава разлика ќе ги испратиме своите денешни гости. Првото полувреме заврши со наша предност од 7 гола, 20:13.

Нешто полошо гостинките минаа во вториот дел, кој заврши со резултат 21:11.

ЖРК Металург сега има 42 бода, односно цели 11 повеќе од второпласираниот тим на Шампион. Но. ЖРК Металург има и неверојатна позитивна гол-разлика од цели 259 гола, што е повеќе од гол-разликите на сите останати екипи во групата земени заедно.

До крајот на групната фаза имаме да одиграме уште само две средби – со екипата на Шампион дома и со екипата на Чаир во Чаир.

.

ЖРК Металург – ЖРК Делчево Вардар  41:24 (20:13)

ЖРК Металург: Ѓошевска 5, Шоповска 1, Паковска 1, Михајловска, Божинова 9, Драговиќ, Арсениевска 6, Кочовска, Мисовска, Ристовска 3, Ѓеорѓиевска, Крстевска 4, Цветковска 8, Темелковска 2 и Стојановска 2.    Седмерци: 3/5.   Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Делчево Вардар: Димитровска, Толевска, Ќурчиска 1, Дариа Спасевска 5, Илиевска 2, Даневска 3, Тодоровска 3, Деника Спасевска 8 и Ангеловска 2.     Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Давидовски Илија и Стојановски Бобан од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 347 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + 9 =