Кадетките на ЖРК Металург го надиграа и тимот на Астибо

14.04.2019 19:03

Кадетките на ЖРК Металург и натаму бележат максимален бодовен ефект – во својот единаесетти натпревар ја забележаа и единаесеттата победа. Овој пат во Автокоманда го надигравме тимот на Астибо, кој го “прегазивме“ со разлика од цели 27 голови, 46:19 (21:8).

На денешниот натпревар немаше дилема кој ќе биде победникот, непозната беше само разликата со која ќе ја завршиме средбата. Разликата во квалитетот на двата тима доведе до огромна предност на нашите ракометарки уште во средината на првото полувреме во кое имавме високи 9:1, а ова полувреме го завршивме со недостижни +13, 21:8.

Слично се одигра и вториот дел од оваа средба, која заврши со конечни 46:19.

.

ЖРК Металург – ЖРК Астибо  46:19 (21:8)

ЖРК Металург: Кочовска, Филиповска, Цветкова 5, Арсениевска 7, Божинова 7, Наскова 2, Стојановска 6, Гошевска 1, Ристовска 3, Томчевска 1, Паковска 3, Шоповска 3, Крстевска 3, Капсарева 2, Темелковска 3 и Ѓорѓиевска.    Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 0 минути.

ЖРК Астибо: Стојанова, Галачева, Гигова, Ашкилова, Иванова, Стоилова, Ташкова, Павлова, Радевска, Костадинова и Ефремова.    Седмерци: 4/6.   Исклучувања: 4 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Реџепи Мамер од Скопје.

Прочитано 199 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + 7 =