Кадетките на ЖРК Металург ја декласираа второпласираната Струма

29.09.2018 17:18

Во Автокоманда денеска се одигра натпревар од петтото коло на женското кадетско првенство на Македонија, група 1, во кој кадетките на ЖРК Металург го декласираа тимот на ЖРК Струма, второпласираниот тим на табелата, победувајќи го со катастрофални 21 гол разлика, 40:19 (19:8). Нашите кадетки ја извојуваа својата петта едноподруго победа во тековното првенство и се осамени на врвот на првенствената табела.

Денешната средба беше решена веќе во првата половина од првото полувреме, во која кадетките на ЖРК Металург создадоа предност од седум гола, 11:4. До крајот на полувремето нашата предност се искачи на цели 11 гола, 19:8.

Ништо не се промени ниту во вториот дел. Кадетките на Металург продолжија со притисокот на голот на Струма, а разликата постепено се искачи до +21, првпат при 38:17.

.

ЖРК Металург – ЖРК Струма  40:19 (19:8)

ЖРК Металург:  Михајловска, Петровска 1, Крстевска 1, Укајдари 3, Русевска 11, Паковска 1, Ѓурѓиќ 1, Арсениевска 4, Драговиќ, Томчевска 2, Стојановска 4, Алексовска 1, Божинова 3, Васевска 2, Ристовска 6 и Васева.    Седмерци: 4/6.    Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Струма:  Ковачева, Василева, Милчевска 1, Гуцева, Тодорова, Трковска 2, Бојкова, Стојанова 9, Ѓоргиева 5, Талева, Грковска, Аџипроданова, Атанасова 1, Стоилова, Стаменова и Павлова 1.    Седмерци: 4/7.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Огњановски Марко и Савиќ Дамњан од Скопје.

Делегат: Куртовиќ Цано од Скопје.

Прочитано 134 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 9