Кадетките на ЖРК Металург ја продолжија својата серија на победи

24.03.2019 20:15

Во 10. коло на женската кадетска лига на Македонија, група 1, кадетките на ЖРК Металург го совладаа третопласираниот тим на Овче Поле и се зацврстија на чело на табелата. Ова е деветта едноподруго победа на нашите девојки, кои се единствени без загубен бод.

Денешната средба, по првите минути на испитување на силите, изненадувачки тргна во за нас погрешен правец. Нашите ракометарки не успеваа да ги искористат своите шанси, а направија и неколку технички грешки, што противникот го искористи и создаде загрижувачка предност од цели пет гола, 7:12. ЖРК Металург мораше да вложи многу напор за да до полувреме ја намали негативата на само два гола, 14:16.

Затоа, пак, се се смени во второто полувреме, кое нашите ракометарки го одиграа “како по ноти“. Многу брзо израмнивме, потоа поведовме и своето водство го задржавме до самиот крај. На крајот забележавме и убедлива победа, која целосно ја заслуживме.

Во следното коло нашите кадетки гостуваат во Куманово.

.

ЖРК Металург – ЖРК Овче Поле  31:26 (14:16)

ЖРК Металург: Кочовска, Филиповска, Цветкова 3, Арсениевска 9, Божинова 4, Наскова 2, Стојановска 1, Ѓошевска 11, Ристовска, Драговиќ, Паковска, Шоповска, Ѓуриќ, Капсарева, Темелковска 1 и Мисовска.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Овче Поле: Манева 9, Санева, Ѓоргиева, М.Вучевска, Мицевска, Павловска 2, Костова 4, Маркова 1, Јанева, Е.Вучевска 7, Саневска 3, Нацева и Серафимова.   Седмерци: 1/3.    Исклучувања:  10 минути.

Судии: Димитриевска Јована и Реџепи Шадије од Скопје.

Делегат: Белимов Кристијан од Скопје.

Прочитано 182 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 6 = 14