Катастрофа на ЦЕМС во Автокоманда

05.12.2018 11:56

Екипите на ЖРК Металург и на ЖРК ЦЕМС го отворија 14-тото коло на Женската лига во кое Металург влезе како првопласиран на првенствената табела.

Гостинската екипа дојде со само деветмина ракометарки и имаше сили да се спротивстави само во текот на првите десетина минути, кога водството на ЖРК Металург се уште изнесуваше само три гола, 8:5. Но, беше само прашање на време кога ракометарките од Автокоманда ќе го засилат темпото и ќе го скршат отпорот на противникот. Тоа се случи во втората половина од првото полувреме во која ЖРК Металург направи серии од 5:0 и од 8:0 и го заврши првиот дел од средбата со убедливи 21:7.

Слично мина гостинскиот тим и во вторите 30 минути во кои ЖРК Металург, најчесто со брзи контри, го декласираше противникот со постигнати нови 24 гола.

Интересно, на листата на стрелци на оваа средба се запишаа сите ракометарки на ЖРК Металург, освен голманското трио.

По 14-ет одиграни кола, ЖРК Металург има пет бода повеќе од второпласираното Куманово, кое, пак, има и натпревар помалку.

.

ЖРК Металург – ЖРК ЦЕМС  45:16 (21:7)

ЖРК Металург: Илјаз, Паскал, Кркачева, Ѓорѓиевска 3, Владева 2, Гулицоска 3, Тасевска 4, Смајлоска 1, Дамчевска 4, Калајџиевска 8, Граматова 4, Ристовска 4, Стојановска 4, Стефановска 3, Брунчевиќ 1 и Гичевска 4.     Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

ЖРК ЦЕМС: Петковска 1, Ангелковска, Малцева 1, Николовска 1, Михајловска 1, Донева, Станчева, Лазова и Пецанова 12.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје.

Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

Прочитано 255 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 + 1 =