Македонија го совлада Исланд и дојде на чекор од баражот за СП 2019

01.12.2018 23:20

Македонската женска сениорска репрезентација ја забележа и својата втора победа на квалификациите за баражот за настап на СП 2019. Совладан е главниот конкурент, селекцијата на Исланд, со убедливи 29:21 (16:10).

Македонија неочекувано лесно се справи со Исланд и сите дилеми ги реши уште во првото полувреме, кое го добивме со 16:10.

Македонија одигра фантастично прво полувреме во кое почетокот им припадна на Исланѓанките, кои поведоа со 4:3, но потоа примија дури пет голови во серија. Македонија поведе со 4:8 и своето водство не го испушти до самиот крај.

Ништо не се смени ниту во вториот дел. Македонките одлични и со целосна контрола врз средбата, а одличната игра во еден момент резултираше и со наша максимална предност од цели 12 гола, 15:27. Конечните 21:29 се реални и целосно заслужени.

Утре не чека последниот противник во овие квалификации, селекцијата на Турција, која сепак е далеку од квалитетот на Исланд. Утрешната средба се игра со почеток во 20 часот.

.

Исланд – Македонија 21:29 (10:16)

Исланд: Хансдотир, Јакобсен 2, Стефансдотир 5, Хермансдотир, Палсдотир 5, Орварсдотир 2, Јулиусдотир 1, Давидсдотир 2, Асмундсдотир, Оскарсдотир, Стурлудотир 2, Магнусдотир 1, Хауксдотир 1, Ренотудотир и Албертсдотир.    Седмерци: 1/1.   Исклучувања: 4 минути..

Македонија: Петковска, Серафимова, Гакидова 1, Д.Ѓорѓиевска 2. Тасевска, Нолевска, Е.Ѓорѓиевска 3, Николиќ, Стојановска, Јанеска, Јовановска 1, Ристовска 9, Ливриниќ 1, Саздовска 7, Гичевска 1 и Штериова 4.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Татјана Праштало и Весна Балван од БиХ.

Делегат: Андреев Андреј од Бугарија.

Прочитано 66 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 3 = 11