Македонија и вторпат подобра од Италија

28.09.2018 22:15

Македонската сениорска репрезентација и во вториот пријателски натпревар ја совлада селекцијата на Италија, но овој пат многу поубедливо, со резултат 29:21 (17:12).

И оваа средба се одигра во салата Автокоманда, а нашата репрезентација, за разлика од вчера, уште во првото полувреме обезбеди недостижна предност од 5 гола, 17:12.

Во вториот дел Македонија лесно ја одржуваше својата предност, а на десет минути до крајот ги имаше и максималните +9, 26:17.

На ова средба се повреди ракометарката на ЖРК Металург Мери Арсениевска, која по се изгледа ја обнови повредата на коленото, а дополнителните прегледи ќе покажат дали ќе мора одново на нова пауза.

Утре сениорската репрезентација ќе одигра уште една средба, овој пат против младинската репрезентација на Македонија. Оваа средба исто така ќе се одигра во Автокоманда, со почеток во 16 часот.

.

Македонија – Италија  29:21 (17:12)

Македонија: Серафимова (4 одб.), Петковска (4 одб.), Гакидова 4, Д. Ѓорѓиевска, Боризовска, Тасевска, Е. Ѓорѓиевска 4, Николиќ 1, Јаневска 3, Јовановска, Арсениевска 1, Ристовска 7, Саздовска 4, Гајиќ 2, Гичевска 1, Штериова 2.    Седмерци: 3/5, Исклучувања: 4 мин.

 

 

Прочитано 77 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 6 = 14