Македонија ја загуби првата средба во Турција

22.09.2017 13:49

Македонската женска сениорска репрезентација е поразена на првиот натпревар на пријателскиот турнир во Турција, на кој загуби од најдобрата селекција на Турција со резултат 30:26 (15:12). Сепак, мора да се напомене дека ова не е најсилниот состав на Македонија бидејќи дел од нашите интернационалки на подготовките ќе им се приклучат дури в понеделник.

Нашите девојки утре ќе ги одмерат силите со Б-селекцијата на домаќинот на овој турнир, додека в недела ќе се сретнат и со селекцијата на Италија.

Овие натпревари се дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2018 година во Франција.  Нашата репрезентација ќе го отвори квалификацискиот циклус со натпревар против фаворизираната Шведска на гостински терен во Лунд на 28 септември, додека на 1 октомври Македонија во СРЦ „Кале” во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Србија. Во нашата квалификациска група уште се наоѓа и селекцијата на Фарски Острови.

Прочитано 129 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 7 = 1