Македонија не успеа да ја совлада и “Б“ селекцијата на Турција

23.09.2017 12:57

Во вториот натпревар на пријателскиот турнир во Турција, сениорската репрезентација на Македонија одигра нерешено со “Б“ селекцијата на домаќинот, 30:30, откако на полувреме водеше со минимални 15:14.

Иако настапува без дел од нашите интернационалки, нашата селекција сепак мораше да биде подобра од вториот состав на Турција, па нерешениот резултат може да се смета како неуспех на селекторот Симовски.

Македонската репрезентација утре го игра последниот натпревар на турнирот, а за противник ќе ја има селекцијата на Италија. Оваа средба е закажана со почеток во 18 часот.

Прочитано 140 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 5