Македонија подобра од Италија на првиот контролен натпревар

27.09.2018 23:19

Во рамките на ЕХФ-неделата во Автокоманда се одигра пријателски натпревар меѓу сениорските репрезентации на Македонија и на Италија. По голема борба и со пресврт во второто полувреме, Македонија го совлада противникот со резултат 26:23 (8:12).

Првото полувреме мина во израмнета борба, а двете репрезентации долго се менуваа во водство. Но така беше се до 25. минута, а потоа следеше голем пад во играта на нашата репрезентација. Италија ја искористи својата шанса и на одмор замина со предност од 4 гола, 8:12.

Се се измени во вториот дел, кој нашите ракометарки го почнаа одлично, па уште на самиот почеток направија серија од 8:1, за водство од 16:13. Се до крајот, Македонија не го испушти водството, кое во два наврати изнесуваше и максимални пет гола, 24:19 и 25:20. Конечниот резултат од овој натпревар е 26:23 во полза на македонската репрезентација.

Во составот на македонската репрезентација настапија и четири ракометарки на ЖРК Металург: Тасевска, Арсениевска, Гајиќ и Гичевска.

Утре, со почеток во 16 часот, овие две репрезентации ќе го одиграат и својот втор натпревар, повторно во салата Автокоманда.

.

Македонија – Италија  26:23 (8:12)

Македонија: Петковска, Серафимова, Гакидова 2, Е.Ѓоргиевска 1, Д.Ѓоргиевска 4, Боризовска, Тасевска, Николиќ, Јаневска, Јовановска 1, Арсениевска, Ристовска 7, Саздовска 5, Гајиќ 2, Гичевска и Штериова 4.    Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 6 минути.

Прочитано 71 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 8