Македонија, Словенија и Црна Гора ја добија организацијата на сениорско ЕП 2022

20.06.2018 16:09

Утрово на ЕХФ Конгресот во Глазгов, претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, во име на трите федерерации, ја презентираше заедничката кандидатура за организација на  ЕП во женска конкуренција во 2022 година. Предлогот беше едногласно прифатен од делегатите по што и официјално Македонија, заедно со Словенија и со Црна Гора ќе бидат домаќини и организатори на големиот континенталниот собир.

Ракометните федерации на трите земји ги исполнија критериумите и ги задоволија сите барања при инспекциите на ЕХФ во текот на изминатиот период, по што официјализирано е дека градовите Љубљана, Скопје, Целје и Подгорица, со своите арени „Стожице“, „Борис Трајковски“, „Златорог“ и „Морача“, ќе организираат по една од четирите групи во првата фаза од ЕП. Љубљана и Скопје ќе бидат домаќини и на по една од групите во главната фаза, додека завршницата од ЕП ќе се игра во главниот град на Словенија.

.

 

 

 

Прочитано 48 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 + = 9