Медитерански игри: И покрај пораз од Црна Гора, Македонија обезбеди полуфинале

27.06.2018 14:08

Македонската женска ракометна репрезентација го доживеа својот прв пораз на Медитеранските игри во Тарагона. Подобра од нас беше селекцијата на Црна Гора, која не совлада со резултат 28:23 (15:15).

Македонија лошо го почна првото полувреме и во еден момент губеше со убедливи 3:8. Но, во продолжението нашите девојки заиграа многу поквалитетно и големата негатива ја претворија во минимална предност, 14:13. Првото полувреме заврши со резултат 15:15.

На почетокот од вториот дел Црногорките искористија краткотрајна криза во нашите редови и направија серија од 4:0. Оваа предност и го реши натпреварот, бидејќи Црногорките ја задржаа до самиот крај.

И покрај поразот, благодарејќи и на победата на Турција над Египет, Македонија обезбеди полуфинале, каде ќе се сретне со селекцијата на Шпанија, домаќинот на турнирот.

Македонија утре игра против селекцијата на Египет, но тоа ќе биде натпревар без значење за пласманот на нашата репрезентација.

.

Македонија – Црна Гора    23:28 (15:15)

Македонија: Петковска, Серафимоа, Мицевска, Д. Георгиевска 3/4, Боризовска 1/3, Тасевска 0/1, Нолевска, Е. Георгиевска 5/8, Ма. Николиќ, Керамичиева 0/2, Јовановска 1/1, Ристровска 7/9, Ми. Николиќ, Гакидова 3/4, Саздовска 3/4, Гичевска.

Црна Гора: Мариновиќ, Ненезиќ, Булатовиќ, Конатар, Годец 1/1, Јауковиќ 6/8, Аговиќ 0/1, Кнежевиќ 2/2, Вукчевиќ, Ујкиќ 4/5, Премовиќ 7/10, Муратовиќ 1/2, Павичевиќ 0/1, Деспотовиќ 4/5, Грбиќ 3/7.

Прочитано 154 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 + 7 =