Медитерански игри: Македонија не успеа да го освои бронзениот медал

30.06.2018 19:15

Македонската женска ракометна репрезентација не успеа во обидот да освои бронзен медал на Медитеранските игри во шпанска Тарагона. Нашите девојки го загубија малото финале со минимални 29:30 (16:18).

Средбата мина во израмнета игра во која двете репрезентации имаа свои периоди. Словенија во поголем дел од натпреварот имаше минимална предност, но и Македонија во еден момент имаше пози заврши  тива од солидни три гола.

Најдобрата игра на нашата репрезентација е прикажана во првата половина од второто полувреме, кога со серија од 5:0 поведовме со максимални 21:18. Стекнатата предност ја одржувавме се до 45. минута, но потоа не го издржавме темпото и средбата ја завршивме со пораз.

На крајот, Македонија во Тарагона го освои четвртото место.

.

Македонија – Словенија  29:30 (16:18)

Македонија: Петковска, Серафимова, Мицевска, Д. Георгиевска 6/9, Боризовска 1/1, Тасевска, Нолевска 1/2, Е. Георгиевска, Ма. Николиќ, Керамичиева 3/6, Јовановска, Ристовска 7/11, Ми. Николиќ, Гакидова 3/5, Саздовска 5/5, Гичевска 3/10.

Словенија: Коренич, Хроватич, Манца, Коротај, Коделе, Алин 4/7, Зримпек, Крајнц, Битики, Станко 12/16, Абина, Мавсар 6/8, Љепоја, Зулиќ 2/2, Бегановиќ 2/2, Амон 4/7.

Прочитано 94 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 6 =