Медитерански игри: Македонија тргна со победа против селекцијата на Турција

23.06.2018 15:29

Македонската женска репрезентација стартуваше со победа на Медитеранските игри во Тарагона (Шпанија).

Во првото коло нашите репрезентативки славеа над Турција, со убедливи 31:26 (15:11). Македонија беше подобриот противник во текот на целата средба, иако основната предност ја создадовме во првото полувреме.

Оваа победа особено радува, бидејќи Турција ќе биде нашиот иден противник во квалификациите за бараж за СП во 2019 година.

Во второто коло нашата репрезентација ќе се сретне со селекцијата на Србија.

Прочитано 178 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 + = 12