Медитерански игри: Женската репрезентација на Македонија ја совлада и Србија

25.06.2018 12:56

Македонската женска репрезентација продолжува со добрите игри во Тарагона и во второто коло извојува убедлива победа против селекцијата на Србија. Нашите сениорки славеа со резултат 28:21 (16:13).

Србија имаше предност само во првите 20 минути, кога стекна и максимални +3, 9:12, но потоа Македонија направи комплетен резултатски пресврт и на одмор замина со позитива од три гола, 16:13.

Во второто полувреме нашите репрезентативки целосно го надиграа противникот и овој период од играта го добивме со резултат 12:8.

Во групната фаза ни преостанува уште средбата со Црна Гора и таа ќе решава за првото место во групата. Оваа средба се игра в среда.

.

Македонија – Србија  28:21 (16:13)

Македонија: Петковска, Серафимова, Мицевска, Д. Георгиевска 3/5, Боризовска, Тасевска, Нолевска, Е. Георгиевска 6/8, Ма. Николиќ, Керамичиева 2/5, Јовановска, Ристовска 6/7, Ми. Николиќ, Гакидова 5/5, Саздовска 6/6, Гичевска.

Србија: Косановиќ, Илиќ, Милојевиќ 0/1, Агбаба 3/3, Атанасковиќ, Цвијиќ 1/4, Вукајловиќ 2/3, Терзиќ 0/3, Митровиќ 1/2, Јањушевиќ 3/8, Т. Радојевиќ 3/7, Богојевиќ, Д. Радојевиќ 1/2, Обрадовиќ 6/8, Ранчиќ 0/2, Стошиќ 1/1.

Прочитано 108 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 9 = 17