МЕТАЛУРГ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА ДОМАЌИН НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО ЛШ

21.07.2010 18:33

Женскиот ракометен шампион на Македонија, екипата на Металург, и официјално поднесе барање до Европската ракометна федерација (ЕХФ), за организација на квалификацискиот турнир во ЛШ, кој со ждрепка претходно го добија скопјанки

Апликацијата и официјално е поднесена, па сега ќе чекаме одговор од ЕХФ. Се надеваме дека ЕХФ ќе го уважи нашето барање, иако и претходно со жрепка ја добивме организацијата. Но, сепак, сето тоа треба официјално да го потврди европската куќа на ракометот – вели потпретседателот на клубот Филип Христов.
Во клубот моментно се работи на реновирање на спортската сала во Автокоманда, поточно се гради уште една соблекувална, а се репарира и паркетот за играње.

Нашиот претставник се наоѓа во групата три, заедно со Клуж Напока (Романија), Бјасен (Норвешка) и со победникот од квалификациската група во која се екипите на Савехоф (Шведска), Амстердам (Холандија), Цуг (Швајцарија) и Жил Инес (Португалија). Средбите во Скопје ќе се играат од 17 до 19 септември, а само првиот обезбедува пласман во ЛШ.

Прочитано 3 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − = 8