МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ГИ СОБРА БОДОВИТЕ ОД ПРИЛЕП

10.11.2013 23:39

baner - vesti_resize

Одличен, за некого и изненадувачки, резултат остварија девојките на Металург Скопје во Прилеп. Победа, три нови бода и реванш за поразот во Скопје – тоа се остварувањата на Металург Скопје по денешната победа, со резултат 28:26 (10:9).

Почетокот не ветуваше многу. По шест одиграни минути домашниот состав убедливо водеше, со резултат 5:1, што го натера тренерот Симовски да побара тајмаут уште во раната фаза од средбата. Металург Скопје успеа да ги консолидира своите сили и во 18. минута го израмни резултатот, 7:7. До крајот на првиот дел се водеше тешка, но рамноправна борба, а овој дел заврши со наше минимално водство, 9:10.

Второто полувреме го почнавме одлично и наскоро ние водевме со четири гола разлика, 9:13 и 10:14. Тоа како да ги освести домашните ракометарки, кои со пресинг се обидоа да се вратат во игра, што им успеа кон средината на второто полувреме, кога негативата ја претворија во свое водство од +3 гола, 23:20 и 24:21. Токму во овие тешки моменти нашите девојки покажаа карактер и, со серија од 6:0, целосно го разбија противникот. Жито Прилеп веќе немаше сили за нов пресврт, а ракометарките на Металург Скопје заслужено ги однесоа бодовите од Прилеп.

Феноменална партија на Ангела Тодоровска, која седумпати се запиша во листата на стрелците, и на Ивана Гакидова, која постигна гол помалку.

Жито Прилеп – Металург Скопје  26:28 (9:10)

Жито Прилеп: Белмезова, Стојанова, Иваноска 2, Митревска, Крстеска, Аџулеска 5, Шалеска 8, Цанеска, Адамческа 1, Саздовска 7, Андонова, Серафимовска 2, Михајлова и Неделкова 1.    Седмерци: 2/5.      Исклучувања: 4 минути.

Металург Скопје: Јаневска, Дурланова, Дабевска, Жупан, Гакидова 6, Ѓоргиевска 3, Тодоровска 7, Талевска 4, Димитриевска, Петлеска 1, Перчинкова 2, Ципушева, Маркоска, Керамитчиева 4, Здравковска и Петковска 1.       Седмерци: 3/3.      Исклучувања: 8 минути.

Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола.

Делегат: Климкаров Петре од Велес.

Прочитано 526 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 − = 4