Минимален пораз на ЖРК Металург во Куманово

03.12.2017 16:32

Во 12. коло на женската Суперлига, ЖРК Металург доживеа минимален пораз на гостувањето во Куманово, каде домашната екипа не совлада со резултат 23:22 (10:11).

Тоа беше рамноправен натпревар во кој повеќе среќа имаа домашните ракометарки.

Натпреварот го почнавме со серија од 3:0 и имавме константно водство во текот на првите 30 минути, освен во еден момент, кога Куманово успеа да поведе со 6:5.

И второто полувреме почна со серија од 3:0, но овој пат тоа го направија ракометарките на Куманово, кои го презедоа водството и го задржаа до самиот крај на средбата. Ова второ полувреме мина во жестока и рамноправна борба и воглавно се играше гол за гол. Иако водството во најголем дел беше во посед на домашниот состав, ЖРК Металург имаше свои периоди и имаше резултатска предност при 13:14, 14:15 и последен пат при 15:16. Во самиот финиш, со голот на Васка Глигоријадис, дојдовме на растојание од само еден гол зад резултатот на Куманово, 23:22, но за пресврт повеќе немаше време, па моравме да се помириме со поразот.

Куманово победи, но не успеа целосно да се реваншира за убедливиот пораз доживеан во Скопје. Да се потсетиме, во Автокоманда Куманово го совладавме со резултат 25:20 (14:12)

.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург  23:22 (10:11)

ЖРК Куманово: Пецанова 1, Борчевска, Живковска, Трајковиќ 3, Ивановска 1, Пеовска 6, Боризовска 2, Дичковиќ, Стојановска, Петковска 2, Стојчевска, Абдулкарим, Кипријановска 6, Наумоска, Пецевска 1 и Костадиновска 1.   Седмерци: 6/8.   Исклучувања: 10 минути.

ЖРК Пелистер: Илјаз, Кркачева, Гугуљанова 2, Владева 1, Глигоријадис 5, Божиновска, Ангеловска, Тасевска 2, Брунчевиќ, Алексоска, Дамчевска, Калајџиевска 7, Граматова, Стефановска 2, Гајиќ 3 и Смајлоска.   Седмерци: 4/5.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески..

Делегат: Илија Цветкоски.

Прочитано 189 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − = 3