Мирјета Бајрамоска ја заврши својата богата ракометна кариера

31.05.2018 10:54

Вчерашниот натпревар во Скопје имаше посебно значење за долгогодишната репрезентативка – Мирјета Бајрамоска, за која средбата беше претпоследна во нејзината репрезентативна кариера и последна пред домашната публика. Пред почетокот на натпреварот со Шведска, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, на Бајрамоска и врачи врамен дрес од репрезентацијата, а подарок во име на репрезентативните колешки и врачи и капитенот на репрезентацијата, Елена Ѓеорѓиевска.

Мирјета (33) е една од најдобрите македонски ракометарки. Таа неколку години со успех го носеше дресот на ЖРК Металург, а освен за нашиот клуб таа има настапувано и за Еуростандард ЃП, Кометал ЃП, Елпида Драмас (Грција), Алканте (Шпанија), Крим (Словенија) и за ЖРК Вардар.

Прочитано 133 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 + 7 =