Младинките на Гевгелија потопени во Автокоманда

03.02.2019 19:13

Во десеттото коло на единствената младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург катастрофално го поразија тимот на Гевгелија, кој замина со пораз од дури 28 голови разлика.

Резултатот од оваа средба, која излезе како полесен тренинг за нашите девојки, ја оправда фаворитската улога на ЖРК Металург, кој од самиот почеток ја презеде коплетната контрола врз натпреварот.

Почнавме со серија од 3:0, за да веќе кон средината на првото полувреме имаме и двоцифрена разлика, 13:3. Противникот тешко доаѓаше до можност за постигнување на голови, за разлика од расположените стрелци на нашиот тим, кои буквално го наполнија голот на Гевгелија. Првото полувреме заврши со резултат 21:5, односно со наша предност од дур 16 гола.

Слично се играше и во второто полувреме. Металург продолжи со својата офанзива и во овој дел постигна ист број голови како и во првото полувреме. Единствената разлика е во деветте голови на Гевгелија во втората половина од натпреварот.

По десет одиграни кола, младинките на ЖРК Металург, кои се главни фаворитки за освојување на првенството, се наоѓаат на второто место, веднаш зад екипата на Вардар. Имаме девет победи и еден пораз, токму од Вардар на негов терен.

.

ЖРК Металург – ЖРК Гевгелија  42:14 (21:5)

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска 5, Ивановска 7, Ѓоргиевска 4, Кркачева, Тасевска 3, Смајлоска 3, Темелковска 2, Дамчевска 3, Калајџиевска 5, Ристовска 2, Стојановска 2 и Арсениевска 6.   Седмерци: 5/5.   Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Гевгелија: Каранфиловска, Хоел, Мандалова, Ј.Попова 1, Асановиќ, Димова 3, Џалева, Н.Попова 1, Ѓорговска, Лазаревска 7, Тамчева, Карајанова и Ризова 2.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Смилевска Искра и Димитриевска Јована од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

 

 

Прочитано 158 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


2 − = 0