МЛАДИНКИТЕ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ГО ДЕКЛАСИРАА КИЧЕВО

05.10.2012 22:54

Младинките на Металург Скопје вечерва ги декласираа врсничките од Кичево 2010. Вечерва тие извојуваа лесна и ефикасна победа со резултат 30:12 (13:7).

Веќе во првото полувреме стана јасно дека кичевчанките ги чека висок пораз. Почнавме со 4:0, полувремето го завршивме со 13:7.

Меѓутоа, вистинска егзекуција видовме во вториот дел од натпреварот. Имавме убиствена серија од неверојатни 10:0, а конечната разлика се искачи на двоцифраните +18.

РК Металург Скопје – РК Кичево 2010   30:12 (13:7)

РК Металург Скопје (младинки): С.Петковска, Серафимова, Дабевска 1, Каранфиловска 2, Јанчева 1, Гакидова 3, Георгиевска 1, Талевска 6, Ливриниќ 3, Неделковска 1, Ципушева 2, Ристовска 5, Димова, Величковска 4 и Е.Петковска 1.       Седмерци: 3/3.   Исклучувања: 0 минути.

РК Кичево 2010 (младинки): Трпковска, Милошевска 1, Мицковска 1, Белеска, Стојкоска, Николоска, Илиоска, Стефановска 1, Петреска, Павловска 2, Димитриеска, Максимоска и Митаноска 7.       Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 2 минути.

Судии: Божиновска Сања и Здравковска Адријана од Скопје.

Делегат: Мирчевски Лери од Скопје.

Фото:

Прочитано 65 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 1 = 6