МЛАДИНКИТЕ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ГО ОСВОИЈА КАЛЕ

13.10.2013 02:20

baner - vesti_resize

Првенствената средба меѓу младинките на Вардар СЦБТ и на Металург Скопје помина во нерамноправна борба меѓу две различни по квалитет екипи. Нашите младинки од самиот почеток го презедоа водството и го диктираа темпото на средбата. Иако во првото полувреме водевме и со пет гола разлика, 8:3, овој дел заврши со резултат 10:7, за Металург Јуниор.

Во второто полувреме комплетно падна одбраната на домашната екипа и нашите девојки почнаа да го полнат противничкиот гол. Натпреварот заврши со двоцифрена предност на нашите младинки.

Тодоровска, со 6, и Ципушева, со 5 постигнати гола, беа најдобри кај нас.

Вардар СЦБТ – Металург Скопје  12:22 (7:10)

Вардар СЦБТ: Костовска, Божиновска 1, Давиткова, Николовска, Гичевска 2, Стамова, Белимова, Колевска, Ладева, Вељановска, Карчева, Џини 3, Ѓоргиевска 2, Станиќевска 2, А. Тодоровска и Т.Тодоровска 1.    Седмерци: 1/2.     Исклучувања: 8 минути.

Металург Скопје: Ципушева 5, Каранфиловска 2, Жупан, Гакидова, Георгиевска 2, Тодоровска 6, Талевска 2, Серафимова, Димитровска, Наумоска, Ѓуреска, Дабевска, Марковска 1, Здравковска 2, Јолеска и Петковска 2.      Седмерци: 4/4.     Исклучувања: 6 минути.

Судии: Здравковска Адријана и Божиновска Сања од Скопје.

Делегат: Младеновски Сашо од Скопје.

Прочитано 170 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


1 + 8 =