МЛАДИНКИТЕ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ПОДОБРИ ОД ВРСНИЧКИТЕ НА ВАРДАР

28.10.2012 13:32

Девојките на Металург Скопје продолжуваат со добрите игри. Иако во речиси истиот состав играат и во Суперлига и вчера имаа дерби-натпревар против Куманово, тоа не им попречи денеска да ја совладаат и екипата на Вардар на нејзин терен.

Домашниот состав им парираше на нашите девојки само во првата половина на првото полувреме, сѐ до резултатот 4:4. Во продолжението иницијативата и предноста преминаа на наша страна и така остана до самиот крај. Со серија од 4:0, Металург оствари предност од четири гола, 4:8, што се покажа пресудно за исходот на средбата. Полувремето заврши со резултат 6:9, во наша полза.

Второто полувреме помина во рамноправна игра. Металург Скопје рутински ја одржуваше својата предност од 3-5 гола. Вардар се обидуваше да дојде до пресврт, меѓутоа за тоа немаше сили. На крајот, сосема заслужена победа на нашите младинки.

Во редовите на Металург Скопје се истакнаа Величковска со 5 и Ливриниќ со 4 постигнати гола, кај Вардар, Митова (5) и Нолеска (4) гола.

РК Вардар – РК Металург Скопје  14:17 (6:9)

РК Вардар: Младеновска, Трајковска, Ангеловска, Стојановска 2, Трајковска, Митова 5, Бојаџинска, Петковска, Нолеска 4, Костовска, Здравковска, Трајчевска, Мишевска, Петровска 2, Спасовска и Станковска 1.    Седмерци: 3/5.     Исклучувања: 6 минути.    Црвен картон: Станковска 3х2.

РК Металург Скопје: С.Петковска, Серафимова, Дабевска, Каранфиловска, Јанчева, Гакидова 2, Талевска, Ливриниќ 4, Е.Петковска 2, Ципушева 2, Ристовска 2, Величковска 5, Димовска и Георгиевска.     Седмерци: 3/3.    иИсклучувања: 2 Мминути.

Судии: Белимов Кристијан и Николовски Ненад од Скопје.

Прочитано 148 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 + = 11