МЛАДИНКИТЕ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ПОДОБРИ ОД ЖРК ВАРДАР

20.04.2013 23:24

Дербито на женската младинска лига, група запад, меѓу РК Металург Скопје и ЖРК Вардар, им припадна на девојките од “Автокоманда“. Победата со резултат 21:16 (9:6) е чиста како солза, особено што Металург Скопје водеше од почетокот па до самиот крај на натпреварот. Две израмнувања на резултатот, 5:5 и 10:10, е се што можеа да сторат ракометарките на Вардар. Крајниот резултат ја даде и најголемата остварена разлика во текот на средбата.

Величковска и Талевска беа најдобри стрелци во нашиот тим, со по шест постигнати гола. Посебно добро бранеше голманката Сара Петковска.

Со ова победа нашите младинки од Металург Скопје го освоија првото место во групата запад и се пласираа во фајналфорот во младинската лига, каде ќе се сретнат со екипата на Куманово. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Кожувчанка и на ЖРК Вардар.

Младинки: РК Металург Скопје – ЖРК Вардар   21:16 (9:6)

РК Металург Скопје: С.Петковска, Ципушева 1, Каранфиловска, Гакидова, Георгиевска, Тодоровска 3, Талевска 6, Серафимовска, Димитровска, Ливриниќ 2, Неделкова, Перчинкова, Дабевска, Ристовска 3, Величковска 6 и Е.Петковска.     Седмерци: 2/3.     Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Вардар: Ангеловска, Стојановска 6, Трајковска, Бојаџиска , Петковска, Николовска, Белевска 4, Нолевска 2, Младеновска, Здравкова, Трајчевска, Прленда 1, Мишевска, Петровска 1, Спасевска и Јанкуловска.     Седмерци. 1/2.       Исклучувања: 10 минути.

Судии: Павловски Кристијан и Дамјановски Дино од Скопје.

Делегат: Кимовски Зоран од Скопје.

Прочитано 543 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


− 5 = 3