МЛАДИНКИТЕ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ ПОМИНАА КАКО ТОРНАДО НИЗ ПРИЛЕП

25.10.2013 21:40

baner - vesti_resize

Тежок пораз доживеа домашниот состав на Филип 07 во натпреварот против младинките на Металург Скопје. Средбата заврши со резултат 42:4 (19:2), за нашите младинки.

Интересно, но почетокот помина во израмнета борба, а во 9. минута имавме само минимално водство, 3:2. Потоа настана целосна хаварија. Противникот не постигна гол цели 23 минути, во кои нашите девојки нанижаа серија од 21:0. До крајот на средбата дојдовме до предност од дури 38 гола.

Тодоровска, со 9 постигнати гола, го предводеше тимот на Металург Скопје.

Филип 07 – Металург Скопје  4:42 (2:19)

Филип 07: Богеска, Ристеска, И.Ристеска, Даскалоска 1, Кимоска 2, Ацеска, Трајкоска 1, А.Трајкоска, Мирческа, Јолеска и Конеска.    Седмерци: 1/2.       Исклучувања: 4 минути.

Металург Скопје: Наумовска, Каранфиловска 1, Жупан 5, Гакидова 4, Ѓоргиоска 4, Тодоровска 9, Талевска 4, Димитровска 4, Кркачова, Дабевска, Маркоска 2, Јолеска 5, Петковска 1 и Ѓорѓиевска 3.      Седмерци: 3/4.     Исклучувања: 2 минути.

Прочитано 851 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 − 1 =