МЛАДИНКИТЕ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ РЕДАТ САМО ПОБЕДИ

03.03.2013 15:30

Mладинките на Металург Скопје, по паузата во првенството, гостуваа во Прилеп. Нашите девојки оваа сезона ги совладаа сите свои противници, па на паркетот на арената „Сонце“ излегоа како фаворити. Својата фаворитска улога РК Металург Скопје ја оправда со победа над врсничките од Жито Прилеп, кои ги совладаа со резултат 24:20 (10:9).

Почетокот на средбата им припадна на домашните ракометарки. Иако се играше рамноправно, во поголемиот дел од првото полувреме прилепчанките одржуваа минимална предност, најголема при резултатот 4:2. Сепак, во втората половина од првиот дел, Металург Скопје успеа да ја наметне својата игра и да го преземе водството, 5:6, кое го задржа до крајот на средбата. На полувреме екипите заминаа со резултат 9:10, за Металург Скопје.

Второто полувреме помина во целосна доминација на нашите девојки, кои својата највисока предност ја имаа при резултатот 16:23. Конечниот резултат од средбата е 20:24, за девојките од „Автокоманда“.

Тодоровска со 6 и Величковска и Е. Петковска со по 5 гола беа најдобри реализатори во нашиот тим.

Младинки: РК Жито Прилеп – РК Металург Скопје  20:24 (9:10)

РК Жито Прилеп: Дурланова, Стојанова, Камческа, Петлеска 4, Бошкоска 1, Иломаноска 2, Митреска, Крстевска 6, Црнеска 1, Новачевска 1, Цаневска 5, Јаковлеска, Ристеска и Столеска.    Седмерци: 3/5.       Исклучувања: 12 минути.    Црвен картон: Крстевска, 3х2 минути.

РК Металург Скопје: Серафимова, С.Петковска, Дабевска, Каранфиловска 1, Гакидова 1, Ѓоргиевска, Тодоровска 6, Талевска, Димитровска, Ливриниќ 4, Неделкова, Ципушева, Ристовска 2, Димова, Величковска 5 и Е.Петковска 5.     Седмерци: 3/6.      Исклучувања: 8 минути.

Судии: Илиевски Михајло и Илиевски Методија од Битола.

Делегат: Цветкоски Илија од Прилеп.

Прочитано 363 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 + 9 =