МЛАДИНКИТЕ НА МЕТАЛУРГ СКОПЈЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КОЖУВЧАНКА. ФОТО

17.11.2013 20:40

baner - vesti_resize

Младинките на Металург Скопје извојуваа убедлива победа против екипата на Кожувчанка од Штип. Резултатот од средбата е 24:16 (11:8).

Нашите младинки без поголем напор дојдоа до победата. Отпорот на противникот беше скршен во раната фаза од средбата, а освен при почетното водство (0:1), штипјанките во текот на целиот натпревар беа во резултатски заостаток. Првото полувреме заврши со резултат 11:8.

Во вториот дел нашите младинки продолжија со нападите врз противничкиот гол, а водството постепено се зголеми до максималните + 8, 24:16.

Кај Металург Јуниор по четири гола постигнаа Гакидова, Тодоровска и Петковска. Кај екипата на Кожувчанка, со седум погодоци, се истакна Стојанова.

Металург Јуниор – Кожувчанка

Металург Јуниор: Наумовска, Ципушева 1, Жупан 2, Гакидова 4, Спасовска, Ѓоргиевска, Тодоровска 4, Талевска 3, Димитровска 1, Кркачева, Дабевска 1, Маркоска 2, Керамитчиева 2, Јолеска, Петковска 4 и Здравковска.     Седмерци: 4/4.           Исклучувања: 6 минути.

Кожувчанка: В. Јанева, Јаневска, Кузманова 3, Јованова 1, Атанасова, Стојанова 7, Х. Јанева, Ампова 2, Митрева 3, Петрушева, Никовска, Николова, Коцева и Каранфиловска.     Седмерци: 2/3.        Исклучувања: 8 минути.

Судии: Белимов и Николовски од Скопје.

Делегат: Младеновски Саше од Скопје.

Фотогалерија:

Прочитано 294 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


9 + = 17