Младинките на ЖРК Металург го декласираа тимот на Вардар Јуниор

19.11.2017 18:10

Во 6. коло на единствената женска младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург го декласираа тимот на ЖРК Вардар Јуниор, кој го совладаа со убедливи 29:19 (15:9).

Тоа требаше да биде дерби-натпревар меѓу двете досега непоразени екипи, но заврши со катастрофа на вардарки.

Во текот на целата средба јасна беше доминацијата на нашите девојки, кои сите проблеми ги решија уште во првото полувреме. Нашите младинки лесно дојдоа до решавачка предност, најпрво од 5 гола, 7:2, а потоа и 6 гола разлика, 10:4.

Ништо не се измени ниту во вториот дел, па конечниот резултат е реален и заслужен. ЖРК Металург останува единствен тим без загубен бод во младинската лига.

.

ЖРК Металург – ЖРК Вардар Јуниор  29:19 (15:9)

ЖРК Металург: Илијаз, Кркачева, Гугуљанова, Владева 2, Глигоријадис 2, Божиновска 1, Ангеловска 2, Тасевска 8, Смајлоска 2, Алексоска, Дамчевска, Калајџиевска 7, Милевска, Стефановска, Гајиќ 5 и Брунчевиќ.    Седмерци: 3/6.   Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Вардар Јуниор: Трајкоска, Гроздановска, Арсовска, Дамјановска, Гонзалез, Ѓорѓиевска 3, Петковска 5, Грујовска, Софтовска 1, Наскоска, Џатевска 2, Костовиќ, Миновска, Седлоска 7, Коларовска и Талевска 1.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судија: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Кимовски Зоран од Скопје.

Прочитано 198 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


4 − = 3