Младинките на ЖРК Металург го надиграа Куманово на негов терен

14.12.2018 00:24

Во Куманово се одигра заостанатата средба од 5. коло на младинската лига, меѓу екипите на ЖРК Куманово и на ЖРК Металург, која заслужено им припадна на девојките од Автокоманда.

Иако средбата се сметаше за дерби-натпревар од врвот на табелата, на теренот своите услови ги диктираа ракометарките на ЖРК Металург, кои наметнаа свој стил на игра, свое темпо и водеа во текот на сите 60 минути.

Уште на самиот почеток нашите младинки стигнаа до комотна предност од 4 гола, 2:6, која се провлече во текот на целото прво полувреме, кое сепак заврши со поскромни +2, 13:15.

Вистинска битка се водеше во првите десетина минути од вториот дел, во кои домашниот состав во неколку наврати дојде на само еден гол негатива, но и тој период мина, па ЖРК Металург постепено ја зголеми предноста до конечните +7, 22:29.

.

ЖРК Куманово – ЖРК Металург  22:29 (13:15)

ЖРК Куманово: Јовановска, Тоневска, Краљевска, Живковска, Трајковиќ 8, Ивановска 4, Димитриевскз, Николовска, Владовска 1, Цветановска 2, Стојчевска, Кипријановска 5, Димитровска и Радевска 2.    Седмерци: 5/7.    Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска 2, Ивановска, Ѓорѓиевска 4, Кркачева, Наумовска, Тасевска 8, Смајлоска 4, Арсениевска, Димчевска 3, Калајџиевска 8, Ристовска, Стојановска и Брунчевиќ.   Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Ѓоргиевски Иво и Наумовски Игор од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

 

.

 

Прочитано 167 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − 3 =