Младинките на ЖРК Металург катастрофално го поразија тимот на Лихнид

16.02.2019 19:38

Во рамките на 12. коло на единствената женска младинска лига на Македонија, екипата на ЖРК Металург во Автокоманда катастрофално го порази тимот на Лихнид, со резултат 31:18 (16:2).

Во дуел на две нерамноправни екипи, ЖРК Металург сите проблеми ги реши уште во првото полувреме во кое противникот успеа да постигне само два гола, од кои едниот од линијата за седум метри. Огромната доминација на нашите девојки резултираше со предност од дури 14 голови.

Во вториот дел падна концентрацијата кај нашите ракометарки, кои, задоволни од претходно постигнатото, одиграа под своите можности и му дозволија на противникот да го добие второто полувреме со минимални 15:16.

Нашите младинки и натаму се второпласирани, со бод помалку од Вардар, од кого го доживеавме единствениот пораз во оваа сезона.

.

ЖРК Металург – ЖРК Лихнид  31:18 (16:2)

ЖРК Металург: Илјаз, Арсениевска 3, Ѓорѓиевска 6, Ивановска 1, Кркачева, Наумовска, Тасевска 7, Смајлоска 1, Алексовска 3, Темелковска 3, Дамчевска 2, Калајџиевска 2 и Стојановска 3.    Седмерци: 5/6.     Искучувања: 6 минути.

ЖРК Лихнид: Илковска, Далиповска 5, Јовчевска, Маркоска, Алексоска, Усовиќ 3, Ложаноска, Костеска, Ангелоска 1, Угриноска 7, Танчевска, Софкоска 2, Тренеска, Сиљаноска, Конеска и Кутаноска.    Седмерци: 5/5.    Исклучувања: 10 минути.

Судии: Огњановски Марко и Савиќ од Скопје.

Делегат: Костенчев Стево од Скопје.

Прочитано 227 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


6 + = 8