Младинките на ЖРК Металург обезбедија финале на фајналфор-турнирот

06.05.2018 13:40

Денеска во Автокоманда се игра фајналфор-завршницата на младинското првенство на Македонија.

Екипата на ЖРК Металург, како најдобра екипа во групната фаза, доби улога на организатор на завршницата, а настапи во второто полуфинале против екипата на РК Кичево.

Гостинскиот состав, иако играше против втората постава на нашиот тим, се држеше само во воведните 15-ет минути, односно додека девојките имаа концентрација и кондиција, за да целосно падне во втората половина од првото полувреме, кое го добивме со убедливи +9, 16:7.

Металург беше подобар и во второто полувреме, кое го доби со резултат 12:5. Се на се, рутинска победа на ЖРК Металург, кој успеа и да ги поштеди своите најдобри ракометарки за вечерното финале.

Во финалето ќе се сретнеме со екипата на Вардар Јуниор, која во првото полуфинале беше подобра од сестринскиот тим на Вардар, кого го совлада со резултат 33:25 (18:13).

.

ЖРК Металург – ЖРК Кичево  28:12 (16:7)

ЖРК Металург: Илјаз, Кркачева, Гугуљанова 1, Божиновска 6, Тасевска 6, Ивановиќ, Смајлоска, Арсениевска, Алексоска 3, Дамчевска 3, Калајџиевска, Ристовска 7, Стефановска, Гајиќ, Стојмановска 1 и Брунчевиќ 1.    Седмерци: 1/1.    Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Кичево: Соколеска, Стојкоска, Танеска 1, Тодороска, Крстеска 1, Данилоска, Миноска, Наумоска, Калеска, Стојаноска, Михајлоска, М.Темелковска 2, Дамјаноска 1, Т.Темелковска 6 и Бебиќ 1.   Седмерци: 0/1.   Исклучени: 0 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Младенов Сашо од Скопје.

.

Во 17 часот ќе се одигра средбата за третото место, меѓу екипите на ЖРК Кичево и ЖРК Вардар, а големото финале е закажано во 19 часот.

Прочитано 161 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


1 + = 2