Младинките на ЖРК Металург редат само победи

03.12.2017 13:45

Во 7. коло на единствената женска младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург гостуваа во Кичево, од каде се вратија со нова убедлива победа и нови бодови. Нашите младинки се единствени со стонастотен ефект во досегашниот тек на првенството и се најсериозни фаворити да го одбранат шампионскиот наслов освоен во минатата година.

Средбата во Кичево мина во тотална доминација на екипата на  ЖРК Металург, која сите свои цели ги оствари уште во првото полувреме, кое го заврши со предност од дури 11 гола. Уште поубедливи нашите девојки беа во вториот дел, кој го добија со резултат 4:23.

.

Кичево 10 – Металург  13:43 (9:20)

Кичево 10: Соколеска, Стојкоска, Танеска, Тодороска 2, Крстеска, Костадиноска 4, Стаматоска 1, Наумоска, Калеска, Стојаноска, Темелкоска 3, Дамјаноска, Бебиќ 3 и Таневска.   Седмерци: 0/4.   Исклучувања: 6 минути.

ЖРК Металург: Илијаз, Кркачева, Гугуљанова 2, Владева, Глигоријадис 8, Божиновска 3, Ангеловска 1, Смајлоска 5, Алексоска, Дамчевска 3, Калајџиевска 9, Граматова 5, Ристовска 3, Стефановска 1 и Гајиќ 3.   Седмерци: 2/5.   Исклучувања: 0 минути.

Судии: Јашар Лејла и Капсарева Михаела од Скопје.

Делегат: Јашар Лејла од Скопје.

Прочитано 90 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


8 − 5 =