Младинките на ЖРК Металург се вратија со победа од Струга

17.02.2019 22:42

Во 13. коло на единствената женска младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург гостуваа на незгодниот терен во Струга.

Нашите девојки одиграа уште еден одличен натпревар и го совладаа тимот на ЖРК Стружанка, со резултат 24:33 (9:15).

Домашните ракометарки поведоа со 1:0 и тоа беше нивното единствено водство во текот на целата средба. До крајот на првото полувреме стекнавме предност од шест голови, кои станаа недостижни за домашниот состав. Во вториот дел продолжи офанзивата на ракометарките од Автокоманда, кои во неколку наврати дојдоа и до двоцифрено водство. Конечните +9 се реални и сосема заслужени.

Со оваа победа нашите ракометарки елиминираа уште една пречка на патот кон освојувањето на првото место, но од поодамна е јасно дека главниот натпревар ќе се одигра во последното коло, кога во Автокоманда ќе гостува екипата на ЖРК Вардар. Тоа ќе биде можност Металург да се реваншира за единствениот пораз, оној во “Јане Сандански“, каде Вардар неочекувано не порази со резултат 26:22 (12:15).

.

ЖРК Стружанка – ЖРК Металург  24:33 (9:15)

ЖРК Стружанка: Ристоска, Голабоска, Враникоска, Переска, Кузманоска, Дурацоска 7, Домазетоска, И.Затуроска 10, Ќишкоска, Ѓоршулеска, Јусуфи, Б.Затуроска, Дукоска 5, Петреска 1 и Балоска 1.    Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 12 минути.

ЖРК Металург: Илјаз 1, Ѓорѓиевска 3, Ивановска, Кркачева, Тасевска 8, Смајлоска 3, Арсениевска 5, Алексоска 1, Темелковска 2, Дамчевска 4, Калајџиевска 6 и Стојановска.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 14 минути.   Црвен картон (3х2 мин.): Калајџиевска во 54. минута.

Судии: Грујовски Александар и Чалдаров Ѓорѓи од Битола.

Делегат: Јанкуловски Саше од Битола.

Прочитано 145 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 + = 11