Младинките на ЖРК Металург со победа ја завршија полусезоната

16.12.2018 10:41

Младинките на ЖРК Металург ја совладаа екипата на ЖРК Чаир, во заостанатиот натпревар од седмото коло. На теренот на противникот славевме со убедливи 42:25 (20:11).

Тоа беше уште еден натпревар во кој нашиот тим влезе како апсолутен фаворит и во кој таа улога и ја оправда.

Навистина, почетокот не беше онаков каков што го очекувавме, бидејќи, по нашето водство од 1:3, противникот направи серија од 4:0 и поведе со 5:3. Сепак, таа мала криза беше брзо совладана и првото полувреме нашите младинки го завршија со предност од огромни девет гола.

Второто полувреме беше чиста формалност и во него на претходните девет голови разлика им додадовме уште осум, за конечни +17.

За младинките на ЖРК Металург полусезоната заврши со пласман на второто место на табелата, со бод помалку од првопласираниот ЖРК Вардар. Нашите младинки остварија осум победи, но забележаа и еден пораз – токму од екипата на ЖРК Вардар.

.

ЖРК Чаир – ЖРК Металург  25:42 (11:20)

ЖРК Чаир: Јакуповска, Сали, Рамадани, Зекири, Хамити, Синани 2, Рамуко 8, Рахмани 12, Топојани, Шерифи 2, Сали, Камберовска и Рамуко 1.    Седмерци: 2/3.   Исклучувања: 18 минути.    Црвени картони: Синани во 57. и Рамуко во 60. минута.

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска 4, Ѓорѓиевска 2, Кркачева, Наумовска, Тасевска 7, Смајлоска 2, Дамчевска 10, Калајџиевска 8, Ристоска, Стојановска 3, Брунчевиќ 1, Арсениевска 2, Ивановска 2 и Блажеска 1.    Седмерци: 4/4.   Исклучувања: 16 минути.

Судии: Кимовски Благоја и Михајлов Блаже од Скопје.

Делегат: Мамер Реџепи од Скопје.

Прочитано 153 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


7 − = 0