Младинките на ЖРК Металург со ракометна лекција за Кузман-Вардар

09.02.2019 18:09

Во 11-тото коло на единствената женска младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург катастрофално го поразија тимот на ЖРК Кузман – Вардар, на негов терен. Победивме со резултат 18:43 (9:17), во натпревар во кој победникот се знаеше и пред неговиот почеток. Металург дојде како голем фаворит и таа своја улога ја оправда со високата победа изразена со 25 голови разлика.

Како и секогаш, рамноправни беа само воведните неколку минути, се додека девојките на Металург не фатија ритам, а потоа се беше во знакот на клубот од Автокоманда, кој, патем, допатува со само 12 ракометарки. Првото полувреме го добивме со резултат 9:17.

Уште полошо мина домашната екипа во вториот дел. Металург не сопре со офанзивата кон противничкиот гол, а нашите стрелци го решетаа голот на Кузман – Вардар. Ова полувреме го добивме со резултат 9:26, а интересно, сите наши ракометарки, сем двете голманки, се запишаа на листата на стрелците.

.

ЖРК Кузман – Вардар – ЖРК Металург  18:43 (9:17)

ЖРК Кузман – Вардар: Буразер, Петровска, Блажевска 4, Тодоровска, Ивановска, Т.Николова, Додевска, Бојковска, Там. Николова, Јовевска 3, Милошевска, Стојчевска 4, Ѓорѓиева 2, Кириловска 1, Петковска и Ѓоргиевска 4.    Седмерци: 3/4.    Исклучувања: 12 минути.

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска 4, Ивановска 3, Ѓорѓиевска 6, Кркачева, Тасевска 1, Смајлоска 2, Арсениевска 4, Темелковска 5, Дамчевска 7, Калајџиевска 5, Ристовска 3 и Стојановска 3.    Седмерци: 5/6.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Андреева Тања и Јашар Лејла од Скопје.

Делегат: Мирчески Лери од Скопје.

Прочитано 193 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


1 + 6 =