Младинките на ЖРК Металург запишаа победа и против Куманово

24.02.2019 17:49

Во дерби средбата на 14. коло на единствената женска младинска лига на Македонија, младинките на ЖРК Металург го поразија тимот на ЖРК Куманово, со резултат 32:29 (16:14).

Видовме цврст натпревар во кој нашите ракометарки мораа да вложат многу сили за да дојдат до трите бода.

Почетокот на средбата ветуваше лесна победа за на ЖРК Металург, бидејќи по само десетина минути стекнавме предност од 5, а потоа и 6 голови. Ова предност ја задржавме скоро до крајот на првото полувреме, а потоа влеговме во резултатска дупка и му дозволивме на противникот да се врати во игра и на одмор да замине со негатива од само два гола, 16:14.

Нашата лоша игра продолжи и на почетокот од вториот дел, кога Куманово најпрво израмни на 17:17, а потоа и поведе, со максимални 18:20. Тоа како да ги разбуди нашите ракометарки, кои заиграа поангажирано и набрзо го вратија водството. При крајот на натпреварот повторно имавме предност од 5 гола, но и повторно му дозволивме на противникот да намали за конечни 32:29.

.

ЖРК Металург – ЖРК Куманово  32:29 (16:14)

ЖРК Металург: Илјаз, Софтовска 10, Ѓорѓиевска 4, Ивановска 1, Михајловска, Тасевска 5, Смајлоска 2, Арсениевска 1, Алексоска, Темелковска, Дамчевска 2, Калајџиевска 7, Божинова, Стојановска, Ристовска и Шоповска.    Седмерци: 6/7.    Исклучувања: 16 минути.

ЖРК Куманово: Тоневска, Јакимовска, Краљевска, Живковска 2, Трајковиќ 13, Ивановска 3, Димитриевска, Николовска, Стојчевска, Цветановска 1, Кипријановска 6, Јовановска, Димитровска и Радевска 4.   Седмерци: 10/13.    Исклучувања: 8 минути.

Судии: Вукашиновски Александар и Трајковски Мирко од Скопје.

Делегат: Младенов Сашо од Скопје.

Прочитано 214 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


3 + 5 =