Несреќно реми на пионерките на ЖРК Металург

05.10.2019 23:55

Немаа среќа нашите пионерки во натпреварот од третото коло на пионерското првенство на Македонија, група 1. Нашите пионерки водеа во текот на целата средба, но противникот успеа да израмни со погодок со свирежот на сирената. Залудни беа протестите на нашиот тим, делегатот го призна голот и средбата заврши со израмнети 15:15 (8:7).

Самиот натпревар почна одлично за нашите пионерки. Во почетната фаза на средбата поведовме со убедливи 5:1 и се чинеше дека нема да имаме проблеми до крајот. Но, како што тоа често се случува во најмладите ракометни конкуренции, без посебна причина дојде до пад во играта на нашиот тим, па му дозволивме на противникот да се врати во игра. Првото полувреме го добивме со минимални 8:7.

Водеше Металург и во целото второ полувреме. Пред самиот крај повторно имавме убедливи 14:11, но повторно попуштивме и дозволивме Делчево Вардар да израмни на 14:14.

Крајот е веќе познат. Поведовме со 15:14, а потоа со сирената примивме несреќен гол и загубивме два свои бода.

Во следното коло не чека тежок гостински натпревар со екипата на ЖРК Вардар.

.

ЖРК Металург – ЖРК Делчево Вардар  15:15 (8:7)

ЖРК Металург: Васева, Ѓурческа, Ј.Спасовска 3, Петковска 2, Јакимовска 5, М.Спасовска 1, Алексовска, Рајатковска 3, Петреска, Анд.Џигерова 1 и Алек.Џигерова.    Седмерци: 2/5.    Исклучувања: 4 минути.

ЖРК Вардар Делчево: Талевска, Ќурчиска 1, Дар.Спасевска 2, Даневска 2, Јанковска, Ден.Спасевска 7, Георгиевска 2, Тодоровска 1, Деспотова и Јовановска.    Седмерци: 2/3.    Исклучувања: 6 минути.

Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје.

Делегат: Бајрам Денис од Скопје.

Прочитано 271 пати

(0) Readers Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *


+ 5 = 14